Џинпинг: Кина и САД имаат стабилни билатерални односи

Од:

Кина и САД продолжуваат да развиват стабилни билатерални односи, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг по средбата со американскиот државен секретар Џон Кери, кој престојува во дводнева посета на Пекинг.

– Очекувам да продолжиме да ги развиваме ваквите односи со (американскиот) претседател (Барак) Обама и да ги подигнеме врските меѓу Кина и САД на ново повисоко ниво, создадајќи нов модел на односи меѓу големите држави, изјави Си.

Западните медиуми оценуваат дека ваквата изјава на Си претставуа обид за намалување на тензиите во однсоите меѓу Кина и САД, кои се влошија поради територијалните спорови на Кина со американските сојузници во регионот околу сувренитетот над Јужното Кинеско Море.

Од своја страна, Кери изјави дека САД се загрижени за безбедноста во регионот, имајќи ги предвид кинеските градежни активности во Јужното Кинеско Море, кои според него, можат да бидат причина за спорови околу територијалниот суверенитет.

Говорејќи за „кинеските градежни активности“, Кери алудираше на плановите на Пекинг за изградба на вештачки песочни острови во близина на архипелагот Спратли во Јужното Кинеско Море, за чиј суверенитет спорат Кина, Филипините и Виетнам.

Кери, кој денеска ја завршува посетата на Кина од каде ќе замине за Јужна Кореја, претходно се сретна и со шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји, од кога побара Пекинг да преземе мерки за намалување на тензиите во Јужното Кинеско Море и да ги решава спорните прашање со соседите во рамките на регионалните организации.

Ванг од своја страна одговори дека Кина останува цврсто решена да ги штити своите интереси во регионот.

Целта на посетата на Кери на Пекинг беше подоготвка на американско-кинескиот стратешки и економски дијалог, што треба да се одржи идниот месец, како и на посетата на кинескиот претседател на Вашингтон планирана за во септември.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција