На едно коло пред крајот на француската Лига 1, шампионот ПСЖ ја одбрани титулата откако на гостувањето кај Монепеље синоќа ја победи истоимената домашна екипа со 2:1.
Головите за ПСЖ ги постигнаа Блез Матуиди и Езикиел Лавеци, додека стрелец за Монпеље беше Антони Муние.
Ова е петта титула за ПСЖ шампион на Франција, а трета во низа.
Познато е уште дека место во Лигата на шампионите обезбеди и Олимпик Лион, додека настап во еврокуповите обезбедија и Монако, Олимпик Марсеј и Сент Етиен, но последното коло ќе го даде конечниот изглед на табелата.
Лигата ја напуштаа екипите на: Евиан, Мец и Ленс.
Резултати 37.коло: Бастија – Каен 1:1 , Евиан – Сент Етиен 1:2, Генгамп – Тулуз 2:1, Лил – Олимпик Марсеј 0:4 , Олимпик Лион – Бордо 1:1, Монако – Мец 2:0, Монпеље – ПСЖ 1:2, Нант – Лориен 1:1, Ница – Ленс 2:1 и Ремс – Рен 1:0.
Табела: ПСЖ 80 бодови, Олимпик Лион 72, Монако 68, Олимпик Марсеј 66, Сент Етиен 66, Бордо 60,…