Дури има оФци ќе има и волна

Од:

Загрижувачка информација стаса до мене утринава. Поточно две, ама втората е веќе традиција.

Имено половина од автобусите кои биле таксани во Прилеп за неделниот протест ги одкажале своите услуги. Поточно 16 автобуси од 32 се одкажале да вршат превоз на симпатизерите на СДСМ! Одвратно. До каде ќе оди оФчарчево со своите методи само да остане на власт?! Пред малку разговарав со еден превозник и ми го изрази својот страв дека ако прифати може сешто да му се случи. Да му земат лиценца, да го прогласат целиот возен парк негов за дотрајан и дека тој со семејството може да остане без корка леб. Браво бе дРпмне-оФци, браво. Но , на секое нешто му се наоѓа чарето, па така и на ова. На сите оние кои имаат возила,така ми кажаа, ќе им биде платен бензинот и патарините.

Па затоа Драги мои Отпораши и Рушители на овој НЕнароден режим без многу думање денеска последни проверки на возилата и в недела рано рано на пат. Ќе се радувам кога ќе ве видам бидејки јас веќе ќе бидам таму, пред КУЌАТА НА УЖАСОТ (барокната лименка).

А второто е околу традицијата. Денеска Тутунска банка во Прилеп е окупирана од тутунари и потенцијални патувачи на контрапротестот в понеделник. Се случува чудо, се делат субвенции. Веќе видено. А им стане густо маваат таму кај што е најтенко, по џебот на сиромаштијата. Ги прашав зошто се туркаат, ми одговорија дека ги натиснале борчовите и секоја пара им е добродојдена.

Браво бе дРпмне-оФци, ама браво. Имате одличен разработен систем. Го испостувате народот со неплаќање на вашите обврски кон него, потоа им праќате извршители за неплатените сметки и како врв на вашата *хуманост* им давате дел од нивните пари кои не сте ги платиле навреме и им велите БЕЗ ГАЈЛЕ ЌЕ ЈА ПЛАТИТЕ САМО ГЛАВНИЦАТА БЕЗ КАМАТА.

Аферим, аферим и ашколсум. Само напред дури има оФци ќе има и волна!

Марин Бабиќ

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска