Севиља и Днипро финалисти во Лига Европа

Од:

Екипите на Севиља и на Днипро ќе играат во финалето на Лига Европа оваа сезонаа откако во полуфиналето беа подобри од своите ривали италијанските екипи Фиорентина односно Наполи. Финалниот натпревар ќе го играат на 27. мај во Варшава.

Бранителот на трофејот Севиља синоќа и во реваншот оствари победа над Фиорентина на гости со 2:0 и со вкупни 5:0 се избори за своето четврто финале во ова натпреварување (поранешен Куп УЕФА), а имаат максимален учинок во финалето досега три победи. Головите ги постигнаа Карлос Бака (22.минута) и Даниел Карико (27.минута).

Днипро синоќа во Киев го победи Наполи со 1:0 со голот на Јевхен Селезњов во 58.минута. Тој беше најслужниот во својот тим за пласманот во финалето бидејќи беше стрелец и на голот на првиот дуел кога дуелот заврши 1:1. Днипро со вкупни 2:1 се избори за финалето. 

Од оваа сезона за првпат победникот во ова натпреварување ќе добие право следната сезона да игра во Лигата на шампионите, доколку не се квалификува преку националниот шампионат.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска