Новиот Епл АјФон 6С ќе изгледа полуксузно и помодерно, ќе добие понапредна камера и микрофон и ќе има ФорсТач.
Според аналитичарот Минг-Чи Куо новиот модел ќе биде достапен и во розово-златна боја.
АјФон 6с ќе има дополнителен микрофон што ќе ги подобри квалитетот на разговорите, а подолгата изведба на моделот 6С Плус ќе има сафирни рабови како дополнителна заштита од оштетување.
Камерата ќе биде со 12 мегапиксели, што е голем чекор напред во однос на претходните модели кои имаа разолуција од осум мегапиксели.
Нов додаток е ФорсТач, односно уредот ќе биде чувствителен на притисок, што овозможува голем број нови потенцијали на интеракција на моделот. Според Епл станува збор за многу уникатен софтвер.