По препорака Министерството за внатрешни (МВР) дерби натпреварот од 30.коло помеѓу Шкендија и Вардар ќе се игра без присуство на публика, реши Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Средбата која требаше да се игра вчера на стадионот на „Башкими’’ во Куманово, беше одложена поради безбедносната ситуација во овој град.
ФФМ донесе одлука средбите од ова коло од плеј-оф конкуренцијата во Првата македонска фудбалска лига, да ги презакаже за во вторник.
Поради реновирањето на теренот на стадионот во Тетово, екипата на Шкендија, ќе мора да бара привремен терен каде ќе игра како домаќин. Тетовската екипа реши дуелот со Вардар да го игра во Кичево, на стадионот на Напредок.
ФФМ донесе одлука средбата да се игра без присуство на публика пред се поради безбедност.
Дуелот меѓу Шкендија и Вардар ќе започне од 16 часот и 30 минути, а покрај овој натпревар утре ќе се одиграат и преостанатите две средби од ова коло. Во Боговиње, Ренова го пречекува Силекс, а на арената Филип Втори во Скопје, Работнички ќе биде домаќин на Металург.