Потполно се согласувам со мојата ќерка Маја Бабиќ и и се придружувам кон прашањето: Дали конечно некој ќе понесе одговорност за украдените 24 години од нашиот живот? Дали некој ќе понесе одговорност (ова само јас прашувам) за нанесената душевна болка направена врз моите ќерки? Дали некој ќе понесе одговорност за стравот за својата иднина во која живее мојот 24 годишен внук Никола? Дали некој , за да не понесе одговорност, размислува за иднината на моите внуци Неда и Јосиф? Многу прашања, нели?
Без гајле во текстов ќе има уште. Па зар сте вие бе господо……. а бе иди бегај, од кај на кај господо! Па зар вие……… ај да не ве именувам со вистинското име оти некое животно ќе навредам, толку ли не сметате за недоветни и толку ли сте сигурни во својата безбедна иднина? Не бе, не стоки едни,неееее. Ќе ве снајде судбината на многу диктатори и диктаторчиња, бидете сигурни во тоа. Народот ќе ви суди, а кога тој суди, боли у пи..у мате…у. Затоа дури е време собирајте си ги парталите и гитла од тие ваши!……….. од кај пак ваши, наши кабинети. Ви ги позајмивме за да ни го направите животот поубав, а не пекол, кретени низаедни.
Е сега некој ќе се праша од кај толку гнев во мене. Прво гневен сум за осумте загубени животи за бадијала(убеден сум во тоа). Како не ви беше грев да праќате голобради момчиња, неподготвени да се соочат со разни кучиња на војната. Како не ви беше грев некој од нив да праќате во прва, внимавајте ПРВА, акција. Гневен сум на (ушким) преЦедатело кој, а се појави, а тресне некоја глупост или без да сака и без дозвола ќе каже некоја несакана вистина. Па добро бе Хорхе, ако си знаел четири месеци, што кој мој си молчел!
И покрај големата желба да биде глумец оФчарот лошо, грдо и патетично одглуми жал и сочувство. Како не ти е срам , покриј се таму срамот никој да не ти го гледа. И конечно уште едно проширено прашање: Велите, онака лошо траурно, дека сте заробиле 30 и неколку души. Добро, ама не кажавте и не објавивте кои се тие *супер војници* со * невидена * тактичка подготвеност! Велите дека се убиени 14 непријатели (наши, а пријатели ваши)! Супер, браво. Ама кај се , не ги видовме нивните трупови. Од искуство знам дека секој победник се фали како успешно завршил една акција и заради моралот на другите и заради подигање на адреналинот ги изложува убиените на увид и на нивните приврзаници, ама и на нивните непријатели за да видат што ги чека ако се рчнат пак со вас. Можеби некој релевантен ќе ми одговори на сите овие прашања! Ами како не жими ашимов ќе ми одговори……….. а бе иди бегај……….
Марин Бабиќ