ВМРО-НП: Длабоко сочувство до семејствата на загинатите полицајци

Од:

ВМРО-Народна партија изразува длабоко сочувство на семејствата на загинатите полицајци при дводневните борбени активности во Куманово.

„Искрено жалејќи за загубата на младите животи им оддаваме чест и признание и нив и  на сите припадници на безбедносните сили за искажаната голема храброст во извршување на нивната света должност во одбрана на татковината. На ранетите и повредени полицајци им посакуваме целосно закрепнување.

ВМРО- Народна партија повикува на максимална воздржаност на сите  политички партии и други чинители во политичкиот живот во Р.Македонија, како и на пишаните и електронски медиуми, портали сајтови и социјалните мрежи, да не шират дезинформации и непотврдени вести. Сето ова, со цел да допринесиме сите заедно за смирување на состојбата и да дадеме шанса на одговорните институции во Р.Македонија, целосно да ги расветлат вистинските мотиви, со што ќе се надминат последиците од една ваква тешка ситуација.

ВМРО-Народна партија верува дека единствено на ваков начин ќе се дојде до вистината за ова што ги снајде сите граѓани на Р.Македонија и во атмосфера на целосна смиреност ќе може во иднина да се прават вистински анализи и да се извлечат заклучоци со кој навремено ќе се спречат вакви од никого непосакувани состојби“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Голем пожар во Куманово, изгореа возила, камиони, автобус, приколка и минибус

Горан Наумовски

Уапсено 19-годишно момче кое носело пиштол, а со него била и малолетничка по која трагала полицијата

Во судар на три возила, повредени се двајца полицајци

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски ги осуди скандирањата и ксенофобните испади на неколкумина во салата во Куманово

Горан Наумовски