Лидија Богатинова демантира дека си заминува од „Канал 5“

Од:

Главниот и одговорен уредник на телевизијата „Канал 5“, Лидија Богатинова демантира дека дала оставка од својата позиција.

Таа за „А1ON“ не сакаше да даде конкретен одговор за шпекулациите дека ја напушта оваа позиција, но на прашањето дали останува на функцијата, таа рече дека нејзиното одбивање да даде коментар може така да се толкува.

Утринава порталите информираа дека Богатинова ја напушта телевизија по неколкуте гафови направени во вестите кои кулминираа вчера кога двајца соговорници беа прекинети во нивните изјави за време на директниот пренос, затоа што упатија критики кон власта за настаните во Куманово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март