СОНК: Се потврди професионалноста и патриотизмот на полицијата

Од:

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК преку соопштение изрази благодарност за, како се што наведува, големата и херојска победа што ја остварија безбедносните сили на нашата држава, против терористичката банда во Куманово“.

– Сигурни сме, дека со ова уште еднаш се потврди подготвеноста, професионалноста и исклучителниот патриотизам од страна на македонската полиција, да се справат и со исклучително опасни, терористички и непријателски групи. Убедени сме уште повеќе, поради фактот што безбедносните сили се составени од сите националности, без разлика на нивната верска припадност што живеат во Република Македонија, се вели во соопштението.

СОНК, како што е наведено, изразува големо жалење за загинатите херои, кои давајќи го животот за одбрана на својата држава и заштита на својот народ, не задолжија сите нас вечно да им бидеме благодарни и тие секогаш ќе бидат во нашите мисли.

– Сигурни сме дека надлежните државни органи, пред се Владата на Република Македонија ќе направат се што е во нивна моќ, да ја ублажат болката на нивните најблиски. На ранетите припадници на безбедносните сили им посакуваме во најскоро време да ги залечат раните и што е можно поскоро да им се придружат и на своите семејства, како и да се вратат што е можно поскоро во редовите на безбедносните сили на Република Македонија, посочува СОНК.

Синдикатот изрази згрозеност од сите кои се обидоа да шпекулираат, манипулираат и да го омаловажуваат херојството на полицијата, се со цел да заработат евтини поени.

– Сигурни сме дека и Македонците и Албанците и Турците и Србите и Власите и Ромите и сите што живеат во оваа наша заедничка држава и кои и мислат добро и на државата и на целиот народ во неа, мошне добро знаат сето тоа да го препознаат, соопшти СОНК.

Би можело да ве интересира

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци