Екипата на Олимпик Марсеј со победата синоќа над Монако ги задржа шансите за пласман во Лигата на шампионите следната сезона. На две кола до крајот на француската Лига 1, Олимпик Марсеј има два бода помалку од Монако.
На „Велодром“ Монако поведе во 1.минута преку Жоао Мутињо, а головите за Олимпик ги постигнаа Андре Ајев во 79.минута и Роман Алесандрини во 87.минута.
Резултати од 36.коло: Олимпик Марсеј – Монако 2:1, Сент Етиен – Ница 5:0, Ленс – Монпеље 0:1, Бордо – Нант 2:1, Евиан – Ремс 2:3, Мец – Лориент 0:4, Рен – Бастија 0:1, Тулуз – Лил 3:2, Каен – Олимпик Лион 3:0 и ПСЖ – Генгамп 6:0.
Табела: ПСЖ 77 бодови, Олимпик Лион 71, Монако 65, Олимпик Марсеј 63, Сент Етиен 63, Бордо 59,…