Груевски: Терористите планираа масовни убиства!

Од:

Разбиената терористичка група во Куманово планирала масовни убиства со цел дестабилизација на Македонија со напади врз различни цели како шопинг молови и спортски натпревари со што можело да дојде до убиство на 8 илјади луѓе, рече денеска премиерот Никола Груевски.

Тој рече дека е изведена високо професионално патриотска и херојска акција за да ги неутрализира терористите кои планирале масовни убиства и напад на државните институции и на молови.

– МВР ја имаше најтешката, најкомплицирана операција, која најпрофесионално и посветено ја раководеа и во неа учествуваа професионалци од сите етнички групи. За жал, осум полицајци ги загубија животите, моето длабоко сочувство до нивните семејства. Загубивме 8 луѓе кои спречија убиства на можеби 8.000 луѓе, а нивниот патриотизам ќе виде водилка на многу наредни генерации – рече Груевски.

Тој рече дека се ранети 37 други полицајци, кои синоќа ги посетил во болница, за кои, добил уверување од лекарите, дека најголем дел се со полесни повреди.

– Покрај агресивноста на терористите, исклучително тешкиот и пренаселен терен ја направија ситуацијата уште потешка. Триесет терористи, приклештени од полицијата, безусловно се предадоа по повеќечасовен отпор, истакнувајќи бели знамиња. На упасените ќе им се суди пред македонските судови. Пронајдени се 14 тела за кои се претпоставува дека се на припадници на терористичката група. Според првичните информации, значаен дел од нив се од групата која неодамна ја нападна караулата во Гошинце и се учесници во конфликти во овој регион и на Блискиот Исток, што значи дека се со огромно искуство за герилско и терористичко дејствување. Нивните мотиви ќе бидат цел на понатамошна истрага – рече премиерот.

Тој им се заблагодари на граѓаните, од сите етникуми и вери, кои, како што истакна, и покрај големиот гнев и болка ја задржаа самоконтролата и не повлекоа чекори кои дополнително ќе ја загрозеа и обременеа и така тешката ситуација.

На, како што рече, медиумите кои пуштаа најразлични шпекулации, за да се навлече гнев кај граѓаните Албанци, тој им порача дека нивното известување носело само штета затоа што не станува збор за македонско-албански судир, туку за судир на лица кои не и сакаат добро на државата и на лица кои го чуваа уставниот поредок на Македонија.

Груевски му се заблагодари и на кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски за пораките и активностите во текот на операцијата и рече дека во вакви времиња, особено е битно единството.

Во поглед на тајмингот во кој беше изведена операцијата, тој рече дека секое одложување на акцијата носело дополнителни ризици.

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи