Претседателот на Индонезија Јоко Видодо денеска соопшти дека ја укинува забраната за престој на странски новинари на провинцијата Папуа, најисточниот дел на Индонезија кој оваа држава еднострано го прогласи за своја територија во 1969 година.
Долгогодишната забрана за странските медиуми беше само дел од рестриктивната политика на Индонезија за посета на провинцијата Папуа, која е распространета на половина од островот Папуа Нова Гвинеја.
До скоро, за престој во Папуа индонезиските новинари требаше да добијат специјална пропусница, која ретко се издаваше.
Објавувањето на симнувањето на строгото ембарго за медиумите Видодо го направи за време на својот престој во Папуа, овој викенд. Претседателот на Индонезија при оваа посета денеска им ги врачи и решенијата за помилување на петмина политички затвореници, осудени меу 19 години и доживотен затвор. Тие беа осудени поради обид да земат оружје и муниција од армиски склад во 2.003 година.
Во Индонезија позната како Иријан Џаја, просторно најголемата провинција Папуа има огромни богатства на бакар и злато, за чија експлоатација лиценци имаат американски компании. Во џунглите на островот сеуште има племиња кои живеат во примитивни заедници, а во дел од нив сеуште има појава жените истовремено да ги дојат бебињата и млади прасиња.