Дијаспората да гласа преку пошта – бараат невладините

Од:

Институтот за истражување на политики и добро владеење денеска презентираше анализа, врз основа на која препорачува да се измени спроведувањето на изборите во дијаспората. Според Институтот, потребно е да се воведе поефикасен систем. И невладината организација МОСТ смета дека треба промени во гласањето на дијаспората, за што предложи тоа да се направи преку гласање преку пошта.

„Доколку вака се спроведе гласањето ќе се намалат економските импликации, а излезноста на гласачите ќе биде поголема.Легитимноста на избраните пратеници ќе биде поголема, а тоа ќе придонесе да се зголеми и нивната одговорност“, изјави Дарко Алексов од МОСТ.

Според резултатите од истражувањто, Башким Бакиу рече дека нивните пресметки за трошоците за избор на тројцата пратеници од дијаспората покажале дека се еднакви на една четвртина од вкупните трошоци за спроведување на изборите во државата за 120 пратеници.

Тој додаде дека, изборот на пратеници од дијаспората создава нееднаква вредност на гласовите во Македонија и во дијаспората.

 

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата