БЕСА: Инцидентот во Куманово – антиалбански чин

Од:

Движењето БЕСА е длабоко вознемирена од веста дека денеска во раните утрински часови во Куманово се одвива една вооружена акција помеѓу полицијата на Р. Македонија и некои вооружени групи.

По овој повод Движењето БЕСА му се обраќа на јавноста со овие пораки:

1. Вооружените акции во албанските зони во Македонија не одат во прилог на албанското прашање во Македонија и не придонесуваат ни за албанското прашање во Балканот. Ваквите инциденти му служат само на четворката Груевски & Мијалков и Ахмети & Џафери за нивно и за спасување на нивните кланови.

2. Затоа ги повикуваме вооружените групи, ако тие се Албанци, да не стануваат средство на овие антиалбански агенди и да не му штетат повеќе на албанскиот народ во Македонија.

3. Го повикуваме МВР веднаш да ја прекине акцијата во Куманово и да се повлече, бидејќи убивањето на невини цивили не ги амнестира акциите на полицијата.

4. Ја повикуваме и албанската партија во Владата на Република Македонија, ДУИ, да не се однесува како спектатор со своите соопштенија, туку да го преземе својот дел од одговорноста. Бараме од ДУИ денес јавно да се произнесе кој давал наредба за тие напади, кој е нападнат и зашто се убиени албански цивили во Куманово. Како дел од Владата, сметаме дека таа е соучесник во овие напади во Куманово и во убивањето на албанските цивили.

5. Го повикуваме и албанското население од Куманово да ја сочува ладнокрвноста, да не се придружи кон некои непознати агенди и да знае дека војната е потрошена карта и таа резултирала како штетна за Албанците во Македонија, особено за кумановчаните.

6. На крај го повикуваме и меѓународниот фактор да интервенира што побрзо и да помогне во надминување на оваа криза, бидејќи ваквите неодговорни политичари се во состојба да направат сешто само да се спасат себеси, се со цел да ја заштитат својата власт или да се враќаат на власт.

За Движењето БЕСА оваа е инсценирана акција со цел политичката криза да ја претвори во меѓуетничка криза, со цел на тој начин да ги спасат некои македонски и албански инкриминирани политичари, а ваквата цена да ја плати албанското население во Македонија. БЕСА смета дека нарушувањето на мирот и дестабилизацијата на Македонија е на штета на сите Албанци, но и во штета на евро-атлантскиот пат на земјата.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра