Регионалниот развој – предуслов за интеграција на Македонија во ЕУ

Од:

Правната основа за водење политика за рамномерен регионален развој произлегува од Уставот на Република Македонија, член 57, според кој „Републиката го поттикнува економскиот напредок и се грижи за порамномерен просторен и регионален развој на стопански недоволно развиените пордачја“.

Моделот на макроекономската политика е под влијание на неолибералниот концепт, стратешката цел на политиката е макроекономската стабилност, која се постигнува со ригидни форми на монетарно-кредитната политика.

Во тој контекст макроекономскиот модел на Македонија може да се дефинира како стабилизација без економски раст и развој, што има директни реперкусии врз регионалниот развој на земјава.

Горе наведените состојби во макроекономски амбиент и воедно според анализата на индикаторите за остварување на регионалната рамномерност (вработеноста, стапката на инвестиции, животниот стандард) се покажува дека во Република Македонија постои потполна маргинализација на регионалниот развој.

Поради опвие причини денес Македонија е доведена до некоординираност во развојот на регионалниот систем и тоа: хипертрофија на проблемот на центарот и периферијата и појава на моноцентри-на регионалната структура со нагласена доминантна моќ на главниот град на земјава.

Во Скопје е концентрирано 35 % од населението и 50 % од урбаната популација. Истовремено во Скопје тече процесот на концентрација на финансиските и развојните ресурси.

Во Скопје за краток период се концентрирани најголем дел од вкупните инвестиции на земјава со над 90% како и странските директни инвестиции кои речиси целосно се реализираат во главниот град.

Процесот на концентрација на ресурсите во Скопје е декандентен и води кон гушење на развојот на периферниот дел на државава.

Со економската и социјалната деградација на системот на градови од средна големина поради проблемите на реструктуирање на стопанството, во процесот на транзиција е нарушено таканареченото „rank-size rule“ правило каде што економските анализи на вториот ранг на градови од средна големина ја губат моќта да учествуваат во трката со големиот град, а на тој начин се губи и еден од најзначајните лостови за формирање на полицентричен развоен модел.

Намалување на разликите помеѓу урбаните и руралните места во транзициониот период во кои што се манифестира исклучителна деградација на социјалната и техничката инфраструктура

Непостотење на единствени критериуми за распределба на средствата.

Зголемување на разликите во развојот помеѓу западните и источните региони. Не е обезбедена соодветна институционална рамка за синхронизација, усогласување и заедничко насочување на активностите и средствата на државните органи (нема синергетски ефекти).

Треба поактивни да бидат носителите на политиката за поттикнување на регионален развој и тоа: Владата на Република Македонија, Советот за рамноправен регионален развој на РМ, Министерството за локална самоуправа и Советот за развој на плански регион.

Изет Зеќири – пратеник во Собрание на Република Македонија

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска