Џихадистите од организацијата Боко харам го нападнаа денеска Колеџот за администрација и бизнис во североисточна Нигерија.
Од зградата во Потискум, во државта Јоба се случаат пукотници и експлозии, но засега нема информации за евентуални жртви.
Припадници на војската и полицијата, како и пожарникарите се на местото на настанот.
Ова е прв напад врз училиште во изминатите три месеци, откако сојузничките војски на Нигер и Чад почнаа офанзива против екстремистите од Боко харам.