ЗНМ, ССНМР и МИМ бараат медиумите да не бидат донатори на партиите

Од:

Новинарските асоцијации бараат медиумите да не смеат да бидат донатори на партиите.

Новиот Изборен законите треба да содржи забрана според која на медиумите нема да им биде дозволено да бидат донатори на политичките партии, предлагаат Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Македонскиот институт за медиуми.

Од организациите велат дека особено се загрижени од членот 83-а (5) од Предлог законот “според кој попустите во цените кои ги даваат радиодифузерите и печатените медиуми за политичко рекламирање на учесниците во изборната кампања се сметаат за донација изразена во парична вредност. Со ова, велат,  медиумите најдиректно се поткупуваат и се злоупотребуваат за партиски цели“.

Во заедничкото  соопштение  се наведуваат повеќе забелешки на предлог измените на Изборниот законик.

“Потсетуваме и укажуваме на следните три проблематични делови од постоечкиот Изборен законик, кои медиумската заедница ги оцени како спорни при изработката на Акцискиот план за подобрување на медиумската состојба, документ што беше јавно претставен и доставен до сите релевантни актери во март 2012 година: Законот го зголемува рекламното време во предизборието, со што се доведува во контрадикторност со Законот за радиодифузна дејност, а ова е противречно и на АВМС, директивата на Европската комисија, која поставува принцип од максимум 20 отсто, т.е. 12 минути од еден час за реклами; Овозможува медиумите да донираат во предизборни кампањи до пет отсто од годишниот промет; ДИК во предизборието има надлежности над печатот“, се вели во соопштението.

ЗНМ, ССНМР и МИМ апелираат до пратениците сериозно да ги земат предвид овие забелешки и предлозите да ги вградат во новото законско решение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март