Македонската фудбалска репрезентација останува на 105. позиција на ранг листата на ФИФА објавена денеска. На истото место „црвено-жолтите“ беа и на априлското рангирање.
Веќе следниот месец, Македонија предводена од новиот селектор Љубинко Друловиќ гостува кај Словачка која е на 19.место на ФИФА листата, и тоа ќе биде шанса со позитивен резултат повторно да се обезбеди влез во „стотката“.
Најдобро пласирана од нашата група во квалификациите за ЕП е Шпанија (10.место), Украина е 33.та, Белорусија се најде на 83.позиција, а Луксембург на 137.место.
Во ТОП 10 пред Шпанија, од првата до деветта позиција се наоѓаат: Германија, Аргентина, Белгија, Колумбија, Бразил, Холандија, Португалија, Уругвај и Швајцарија.
Следното рангирање ФИФА ќе го направи на 4 јуни.