Полицијата во градот Сурабаја, на Јава, Индонезија, денеска уапси 37 годишен човек во чиј багаж се пронајдени 23 птици „спакувани’’ во пластични шишиња. Во багажот на криумчарот имало најмногу папагали од видот „Какаду со жолта креста“ редок вид на папагали кои живеат само на островот Јава и на Источен Тимур.
Индонезија и Меѓународната Унија за конзервација на природата уште во 2.007 година ги прогласија папагалите Какаду со жолта креста за загроен и заштитен вид. Во подрачјата кои се под опсервација на оринтолозите регистрирани се само 72 примероци од овој вид, а птиците се ретки и поради тоа што полагаат само по две јајца годишно.
Индонезија строго ги казнува криумчарите на овие ретки папагали, па дури и оние што се обидуваат во странство да прокриумчарат јајца собрани во гнездата, Фатените криумчари се соочуваат со казна затвор од пет години и глоба од околу 100.000 долари.
Криумчарите се охрабруваат да ризикуваат мотивирани од цената на едно Какаду од 15.000 долари во Сингапур, до фантастични 50.000 долари што ја нудат ексцентрични љубители на овие птици во САД.
Сега фатениот криумчар ги сместил птиците во пластични шишиња за вода на кои им го пресекол дното. Тој тврдел дека само две птици се „негови’’, а за другите 21 „не знаел ништо’’.