Над 10.000 војници од 18 земји учествуваат на воена вежба во Јордан

Од:

Над 10.000 војници од 18 земји учествуваат на редовните годишни воени вежби во Јордан, што почнаа денеска, пренесува БТА.

Воените маневри „Eager Lion“ во оваа земја се одржуваат по петти пат и ќе траат две недели. Тие се изведуваат под командата на армиите на САД и нивниот јордански сојузник.

Поголем дел од земјите кои учествуваат на вежбите се дел од меѓународната коалиција, предводена од САД, која се бори против џихадистичката група Исламска држава во огромните делови од Ирак и Сирија што ги држи под своја контрола. Некои од нив се вклучија и во коалицијата, предводена од Саудиска Арабија, против шиитските бунтовници во Јемен.

-Овие вежби немаат ништо заедничко со тоа што сега се случува во регионот, уверуваше на прес конференција американскиот генерал-мајор Рик Матсон. „Колку повеќе работиме заедно, толку сите стануваме посилни“, дополни тој.

На маневрите во јорданската пустина учествуваат копнени, военовоздухопловни и военопоморски сили. Целта на вежбата е да
го подобри планирањето и извршувањето на заедничките операции,
вклучувајќи ја и борбата со тероризмот.

Како дел од вежбата предвидена е 35-часовна мисија во која американските бомбардери „Б-52“ ќе полетаат од САД за над реонот на маневрите да испуштат „конвенционални орудија“.

Освен САД и Јордан, во маневрите учествуваат уште и Франција, Италија, Саудиска Арабија, Египет, Ирак, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Пакистан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вооружен маж е убиен, тројца полицајци повредени при пукање кај израелската амбасада во Јордан

А1он

Групата Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападот на американската база

Трамп: Да бев јас претседател ќе беше мир во целиот свет

(ВИДЕО) Тројца Американци се мртви, 30 повредени во напад на база во Јордан: Ќе одговориме порача Бајден

Нападната американската војска: Најмалку 3 војници загинаа, 25 се ранети

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт