Почина вториот пациент на кој му беше пресадено вештачко срце од типот Кармат

Од:

Пациентот на кого му беше всадено вештачко срце кој водеше „нормален“ живот, како што тврдеа медицинските екипи во јануари, почина на 2 мај, соопшти вчера претпријатето Кармат, кое го изработува вештачкото срце, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Пацинетот на возраст од 68 години и кој боледуваше од срцева слабост во завршна фаза, со кардиолошката пумпа, замислена од професорот Алан Карпантие, живееше со неа од 5 август 2014 година. Тој ја напушти болницата на 2 јануари годинава и самиот се грижеше за надворешниот дел на протезата кој тежи околу три килограми (двете батерии кои го снабедуваа со електрична енергија вештачкото срце).

Пацинетот бил примен на болничко лекување повторно на 1 мај годинава поради слабост во циркулацијата, при што тој бил ставен на интезивна нега, при што било констатирано дека протезата не функционира нормално, по деветмесечна работа. Медицинската екипа донесе одлука да ја замени протезата со друга – ново вештачко срце, при што била воспоставена циркулацијата на крвта но тој почина поради откажување на некои од виталните органи.

Медицинската екипа, изразувајќи сочувство на семејството на пациентот, нагласува дека оваа операција е дел од „експерименталната клиничка фаза“ на новаторски механизам. Во моментов се анализираат податоците снимени од протезата на починатиот пациент за да се согледаат причините поради кои таа започнала да не функционира нормално. Претпријатието Кармат верува во својот изум и нагласува дека неодамна беше всадено трето вештачко срце на еден друг пациент, трет по ред во рамките на клиничките тестови. Медицинските екипи добија дозвола за пет клинички тестови, врз пациенти со срцева слабост во завршна фаза, чии денови се одброени поради неможност да добијат вистинско пресадено човечко срце.

На првиот пациент, вештачко срце му беше пресадено во 2013 година и живееше 74 дена, вториот кој почина на 2 мај живееше со протезата 9 месеци, и затоа се верува дека оваа иновативна техника ветува резултати.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он