Претседателот на Индонезија, Јоко Видодо, познат по својата популарност и меѓу новинарите, денеска, прв пат од кога е во политиката, им сврте грб на новинарите и ги упати прашањата да му ги постават на ресорниот министер за економија, кој беше во негова придружба. Новинарите, навикнати на тоа дека претседателот Видодо им дава одговори и коментари после кои не е голрм проблем да се направи квалитетен извештај за медиумот, според нивните изјави, биле малку повеќе од збунети од тоа што им го направил претседателот.
Новинарите протестирале кај раководството на Бирото на претседателската канцеларија за однос со медиумите, велејки дека за да го следат настанот морале да станат рано, на што од Бирото добиле лаконски одговор дека и претседателот и министрите, за да дојдат на локацијата оддалешена 40 километри од Џакарта и да бидат тамо во осум часот наутро, сигурно требало да поранат.
Дел од телевизиските извештаи денеска беа посветени на овој настан, но не се јавуваше за тоа дека претседателот бил на отварање на нов објект, туку дека неговиот однос кон седмата сила може да му се врати како бумеранг, бидејки, според нив, не се сите потези на претседателот успешни и популарни. Од кабинетот на Видодо пренесоа дека претседателот не води толку голема грижа за својата популарност, туку за носење одлуки да ја направи Индонезија пристојно место за живеење.