Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 25 до 33 степени.
Во Скопје слично време, со температура од 12 до 30 степени.
Во среда ќе се задржи претежно сончево и уште потопло време со дневна температура во интервал од 25 до 33 степени.
Во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во опаѓање.