Тетовското Јавно обвинителство ја истражува експлозијата пред ДУИ

Од:

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово извршил увид на лице место по вчерашната експлозија пред седиштето на ДУИ во Тетово.

Како што соопшти Јавното обвинителство, подигнати се материјални траги од местото и влакна од изгорениот фитил кои се дадени на вештачење.

Надлежниот обвинител го одзедел и ЦД од поставениот видео надзор, што ќе биде предмет на разгледување и анализа.

– Во експлозијата нема човечки жртви, а причинета е минимална материјална штета, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Непозната експлозивна направа била активирана најверојатно со фрлање во близина на седиштето на ДУИ во тетовската приградска населба Мала Речица, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Вo полицијата, детонацијата е пријавена во 21 часот и 50 минути по што екипа на СВР Тетово излегла на терен.

Надлежните органи работат на откривање на мотивите и на сторителот.

Би можело да ве интересира

Адеми: Извештајот на ЕК укажува на застој во реформите и слаб институционален капацитет

ДУИ на 20 декември во Скопје ќе одржи партиски конгрес

А1он

Адеми: Пораката на ЕУ е недвосмислена, Македонија не е подготвена за интеграција во европскиот внатрешен пазар

Горан Наумовски

ДУИ: Потребни се итни реформи и уставни измени

ВРЕДИ: Коалицијата на ДУИ се стопи како пластелин

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми