За првомајските празници сончево и топло

Од:

Времето во Македонија во деновите од продолжениот празничен викенд ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, соопшти УХМР.

Утре ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец кој повеќе ќе биде изразен во западните делови од земјава. Утринската температура ќе се движи од еден до девет, а дневната од 19 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Во сабота во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд.

На почетокот на работната седмица ќе има значителен пораст на температурата како на дневната, така и на утринската. Во понеделник температурата ќе се движи од 23 до 29, а во вторник од 26 до 32 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски