Претседателот на Индонезија Јоко Видодо, по бурната реакција на Канбера по повод егзекуцијата на двајцата нарко дилери од Австралија, побара почитување на индонезискиото право кое ја предвидува и најстрогата казна. Видодо предупреди дека најавените дипломатски и други санкции од страна на Австралија најмногу ќе и наштети на економијата на индонезискиот јужен сосед.
Потпретседателот на Индонезија Јусуф Кала денеска изјави дека повлекувањето на австралискиот амбасадор од Џакарта не е невообичаен потег во дипломатијата. Индонезија во 2013 година го повлече својот амбасадор од Австралија, по обелодувањето на аферата за прислушкување на политичкиот врв на Индонезија.
Во објаснувањето на тврдиот став на претседателот Видодо кој одби да ги помилува десетте нарко дилери осудени на смрт, Индонезија често потсетува дека дрогата во последните десет години станала голем проблем во оваа, сега веќе 256 милионска држава. Над 4,6 милиони лица во Индонезија лани се регистрирани како нарко зависници, а тоа е проблем со кој тешко се справува. Од прекумерно уживање на дрога умираат над 19.000 лица годишно.