После подоброто изведување на пеналите во полуфиналето со Баерн Минхен, фудбалерите на Борусија Дортмунд се пласираа во финалето на германскиот куп.
Синоќа на „Алијанц Арена“ во Минхен по основите 90 минута резултатот беше нерешен 1:1, а во дополнителните 30 немаше погодок, па се премина кон изведување пенали каде четирите домашни изведувачи (Лам, Алонсо, Геце и Ноер) не ја погодија целта и со 0:2 (Гиндоган и Кел погодија за Борусија) доживеаја елиминација пред своите навивачи.
Претходно во 30.минута Роберт Левандовски му донесе водство на Баерн, средбата во продолженија ја однесе Пјер Обамејанг со изедначувачкиот гол во 76.минута.
Во продолженијата домаќините од 108.минута имаа и играч повеќе, бидејќи втор жолт картон доби Кевин Кампл.
Противник на Борусија Дортмунд во борбата за трофејот ќе биде подобриот од вечерашниот дуел меѓу Арминија Билефилд и Волфсбург (почеток 20:30).
Финалето е закажано за 30 мај.