ВИДЕО: Средношколците се надеваат дека ќе се врати старата матура

Од:

По завршената втора средба на претставниците на Средношколскиот пленум со министерот Адеми и заменик министерот Ристоски, средношколците се оптимисти дека ќе бидат исполнети дел од нивните барања, поточно дека ќе се врати стариот концепт на матура.

Неофицијално, Адеми барањето за стариот начин на полагање државна матура ќе го стави на седница на влада.

– Преговорите одат во одлична насока. Очекуваме во најбрз можен рок да постигнеме компромис и со тоа да бидат задоволени и двете страни, односно се обидуваме да постигнеме некој резултат што ќе ги задоволи и двете страни, посебно нас учениците. Имавме широки дискусии за државната матура и екстерното тестирање и ќе постигнеме компромис за тие две прашања. Спремни сме да се врати стариот концепт на полагање државна матура и суштински промени да има во однос на екстерното тестирање. Тоа значи подобар технички аспект и квалитет на прашањата. Засега немаме информации дали и за што е подготвена да отстапи Владата, изјави Дејан Трајковски од Средношколскиот пленум.

Тој рече дека од страна на министерот Адеми досега нема никакво ветување, а договорена е средба за утре, откако овие предлози ќе ги разгледа Владата. Ако не им се исполнат барањата, учениците велат дека ќе се водат нов вид преговори.

За надополнување на пропуштените часови во иднина заеднички ќе се бараат решенија.

– Не стана збор за пролонгирање на државната матура. За разлика од вчера, денеска има поголемо расположение кај двајцата министри. Вчера беше првата средба, денеска втора, а се надеваме утре ќе биде трета. Разменивме ставови и чекаме на поволен исход, рече Трајковски.

Средношколците од министерот добиле уверување дека и утре ќе имаат средба. Тие се надеваат деканајбрзо ќе биде усвоено нивното барање за стариот концепт на матура

– Можно е, ветување се уште немаме, оптимисти сме по денешниот состанок, рече Александар Милевски

Средношколците најавија дека до конечно решение продолжува нивниот бојкот и кампувањето пред МОН.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП