Рецензија на вестите на МРТ: Најкраток прилог на вестите на мрт за референдумот во центар

Од:

Рецензија 26.04.2015

Дневник 2, МТВ1 – 19:30

Уредник и водител – Катерина Топалова

НАЈКРАТОК ПРИЛОГ НА ВЕСТИТЕ НА МРТ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ ВО ЦЕНТАР

Граѓаните кои на 26 април го следеле централниот дневник на МРТ, во време кога се оддржа референдум во општина Центар за задржување на автентентичниот изглед на ГТЦ, на вестите можеа да видат прилози за тоа како опозицијата сака да направи дестабилизација во земјава, па се до анкета со граѓани, кои како што велат, не ги интересираат „бомбите“ на Зоран Заев, туку му даваат поддршка на премиерот Груевски да продолжи со реформите како досега.

Вестите траеја 30-тина минути, а според тоа што можеше да се види, изгледаа како платена политичка програма на ВМРО-ДПМНЕ. На крајот имаше само неколку секунди за плановите на Средношколскиот пленум, а беше направен и краток прилог за референдумот во општина Центар. Од тука може да се дојде со заклучок, дека јавниот сервис одамна заборавил на професионалните новинарски стандарди и наместо да известува реално за тоа што најмногу ги засега граѓаните во земјава, се претворил во партиски штаб на владејачката партија.

Што содржеа вестите?

1. Загинати и повредени од земјотресот во Непал

2. Странски инвестиции и намалување на невработеноста

3. Пронајдено дел од оружјето во Гошинце

4. Он-лајн регистар за медицинска опрема

Дневникот на МРТ беше отворен со детален прилог за земјотресот во Непал, каде што деск-новинарката Марија Петкова објави дека нов земјотрес го потресол Непал и дека според последните информации имало над 2.300 мртви и над 4.000 повредени, со што ситуацијата станувала се подраматична. Вестите продолжија со прилог за странските инвестиции и намалување на невработеноста, во кој новинарката Александра Перевска детално објасни дека ќе продолжи темпото на намалување на невработеноста, а во овој прилог кој траеше околу две ипол минути имаше и изјава од премиерот Никола Груевски од Охрид, кој во изјава од 40 секунди објасни како во иднина ќе се реализираат вработувањата. Мораме да нагласиме дека во целиот прилог се фалеше Владата, нејзините нови реформи и успешната работа. Прилогот заврши со најава на премиерот на сите нови мерки, кои ги промовира на трибините во градовите, кои секоја сабота ги посетува. Целта на овој прилог беше дека граѓаните ќе имаат можност за плаќање на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување на рати. Нормално, според вестите на МРТ, тоа го овозможува владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Третиот прилог идеше со наслов „Граѓаните бараат реализација на проекти и подобрување на животниот стандард“. Од што можеше да се види и да се слушне, прилогот беше тенденциозен со намера да се прикаже во јавноста дека на народот не му е гајле за „бомбите“ што ги објавува СДСМ, туку најбитни му се проектите што ги реализира владата и подобрување на животниот стандард. Тоа траеше повеќе од 3 минути, а во него опозицијата беше преставена во најлошо светло, без програма и стратегија за разлика од партијата на власт, која веќе десета година упорно работи за доброто на граѓаните. Главно беше дека владата секојдневно има се повисок рејтинг за разлика од опозицијата, а можеше да се слушне и анкета со граѓани, кои одговараа како во хор „Не не интересираат бомбите на опозицијата и прислушувањето, туку само подобрувањето на животниот стандард“. Во целата анкета се фалеше работата на владата, а се пуштија и две изјави од по 40 секунди од говорот на премиерот Груевски во Охрид. Прилогот го направи Наташа Гркова – Петрушевска.

При крајот беше најавен и прилог за референдумот во општина Центар, кој беше најкраток од сите прилози. Во него на кратко се објасни за излезноста, изјави од ДИК и МОСТ, со што се покажа дека најважниот настан во неделата не најде доволно место во вестите на јавниот сервис. Таму не се спомнаа нерегуларностите што ги имаше со расипаните лифтови, туку целиот прилог идеше во насока како техничка вест.

Од другите вести кои најдоа место во централниот дневник на МРТ се: „Колку моторџиите го почитуваат законот“, „ МВР расчисти четири случаи на разбојништва“, „ Осветени конаците во „Св. Јован Бигорски“ и „ Се кршат копјата за струшките плажи“.

Заклучок:

Според сето ова, МРТ не ги испочитува професионалните новинарски стандарди и балансираното известување. Во секој прилог се фалеше работата на Владата, реформите што ги прави премиерот Груевски, а опозицијата цело време беше критикувана. Најзначајните настани, референдумот за ГТЦ и кампувањето пред МОН на средношколците најде место од по неколку секунди на крајот од вестите, наместо со нив да се отвори дневникот. Да не зборуваме за принцип на балансирано известување. Вестите во целост наликуваа на платена политичка програма.

Сите граѓани што вчера ги следеле вестите на МРТ, можеле да заклучат дека живееме во земја во која цвета економијата, има успешно образование и здравство, а не во земја во која корупцијата, злоупотребата на медиумите и власта се на прво место.

 

Новинарски пленум

Рецензент: Ирена Мулачка

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска