Пред Министерството за образование и наука, средношколците од утрово поставуваат шатори, сепак во меѓувреме, претставници на Средношколскиот Пленум се поканети на средба кај министерот Адеми.
Средношколскиот пленум соопшти дека бојкотот на наставата во средните училишта продолжува
Пред да стигне поканата од МОН за средба со претставници на Средношколскиот пленум, тие информираа за започнувањето на Средношколскиот фронт
Бидејки ресорсното министерство се уште води игнорантен однос кон оние во чија полза работи и одбива да го слушне гласот на 13 000 граѓани кои маршираа минатиот четврток против лошите реформи кои им се налагаат на средношколците, Средношколскиот Пленум реши да отвори нов фронт на својата борба, пред Министеството за образование и наука, поточно во паркот на новинари. Овде ќе бидеме присутни 24 часа за да покажеме дека нема лесно да се откажеме од нашите барања. Ги повикуваме средношколците, родителите и професорите да не поддржат, рече Александар Милевски од Средношколскиот пленум
Средните училишта бојкотираат три недели и ќе продолжат се додека не се чуе средношколскиот глас.
А.Б.