Нато самитот во Чикаго ќе се одржи 20-21 овој месец и за прв пат во град во Соединетите американски држави, после еден одамнешен самит во Вашингтон.
Агендата на самитот изгледа вообичаена-Новите глобални предизвици, НАТО после интервенцијата во Авганистан.
Иако не е во самата агенда на самитот има уште неколку крупни теми помеѓу 19-22-ри, а тоа се Крос атлантските релации, Евроатлантските релации каде главниот збор ќе го води примиерот на Холандија па до излагањето на Абдула Ѓул за турската економија и турската надворешна политика на 22 мај.
Темата на Чешкиот председател Клаус – Европа без илузии е исто така битна за новите аспиранти за членство во НАТО пактот.
Агендата на Самитот изгледа добро стокмена како и говорниците по виталните теми но во принцип, фокусот ќе биде сепак на следните теми, освен овие што ги посочив.
НАТО е многу рационална организација и секогаш темите ги дели на два дела (Ин и Аут на НАТО) – НАТО земјите и проблемите внатре и фокусот на интересите и целите на НАТО пактот во светот.
Се разбира дека пост – изборната социјалистичка Француска влада, кризата во Грција ќе бидат приоритетни.
НАТО пактот е секогаш внимателен со Социјалистички влади во Франција кој знаат да влегуваат и излегуваат од полното членство во НАТО пактот, Грција како стратегиската земја во Југоисточен Медитеран, со своите финансиски проблеми, на границите со Северна Африка и транспортните коридори на енергенски кон Западната хемисфера.
Генералниот проблем секогаш бил партиципирањето на Европа во НАТО кое сега веќе е некаде 20% од вкупните НАТО ресурси, а другото го покрива УСА пред се.
Европа потешко излегува од криза отколу УСА, веројатно заради големата бирократија и многуте членки и нивните интереси.
Дополнително ги усложнуваат Евро – Атлантските релации при тоа однесуваќи се доста себично иако се работи за нивни и Европски интереси.
Генералниот проблем ќе биде партиципирањето и барање на начини како да се одржи ефектива со смалување на ресурсите. Баланс на политиката и математиката со константен фокус врз интересите и приоритетите, како обично.
НАТО од внатре има осетливи точки како што се Турција, Балканот (Косово и се што е околу него), Босна, но би рекол дека тие точки ги смета за проблеми Ин колку Оут иако дел од земјите не се НАТО членки.
Турција пред се како геополитичка супстанца помеѓу Евроазија, на граница со Сирија, Ирак и во регион на постојана можна конфронтација Иран и Израел.
НАТО (Јужното Крило) Југоисточниот Медитеран, е приоритет по кризите во Северна Африка, посебно сега фокусот е ставен на Сирија и Иран.
НАТО на Балканските лидери ќе им упати блага порака да не го развлекуваат НАТО пактот со нивните проблеми и можности Балканот да влезе во безизлезен лавиринт.
Со било каква нестабилност на Балканот во оваа економско – политичка ситуација во Европа, со можни проблеми на Блискиот Исток, Балканот би бил ставен во брз колосек со додатен ангажман и со секакви ресурси, без многу политизирање и договарање со Балканските земји.
Национализмот на Балканот, реакционерите, Руското влијание во Србија, Грција, Бугарија и поширокиот регион веќе дополнително ги загрижува НАТО стратезите.
Централниот Балкан пак развива агенди на чисти држави и тоа не случајно е дополнителна закана за НАТО и безбедноста во Европа.
Се чини дека нема да разберат доволно заради што погледите на Балканските лидери се многу стеснети во последно време и не разбираат дека случувањата на Блискиот Исток, било каков ангажман на НАТО таму доведува до изградба на стратегија на Балканот како позадина на таков ангажман.
Се надевам дека големата делегација од Македонија ќе седи во ложа, ќе тапка по раме и ќе ја тапкаат, а дали нешто ќе разбере и ќе и се осветлат нови хоризонти, веќе воопшто не е важно.
Овој претдседател и Владата веќе го постигнаа својот максимум.
Даме Чкатроски – уредник на World security for Balkan and Macedonia