Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност, а попладне се очекува зголемување на облачноста кога ќе има локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи во интервалот од 3 до 10, а дневната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје претпладне ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде 8, а дневната ќе достигне до 24 степени.
Веќе од утре Македонија ќе потпадне под влијание на циклонска активност и на влажна и нестабилна воздушна маса, која ќе услови променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во среда ќе има локални слаби врнежи од дожд, особено претпладне.
Ветерот ќе го смени правецот во северен и поради спуштање на посвеж воздух од север, дневната температура ќе опадне за неколку степени.