Индонезија планира следната среда да погуби неколку странски државјани осудени поради разни дела во врска со дроги, објави дипломатски извор во петокот.
Од дипломати е побарано во сабота да дојдат на Насукамбанган, остров крај Јава кој служи како затвор каде што затворениците и ќе бидат погубени, изјавил неименуван дипломатски извор за германската новинска агенција DPA.
Претходно во петокот функционер изјави дека властите наредиле да се извршат подготовките за егзекуцијата на десет лица осудени на смрт, вклучително и двајца Австралијци. Австралиската влада на неколку пати побара помилување на Ендрју Чан и Мјуран Сакумаран.
Француските државјани Серж Атлауи, исто така, се меѓу затворениците коишто ќе бидат погубени со стрелање. Таа група вклучува уште тројца луѓе од Нигерија, и по еден од Индонезија, Филипини, Гана и Бразил.
Владите на Филипини, Франција и Бразил, исто така, апелираа кај индонезискиот претседател Џако Видодо да покаже милост и да ги поштеди осудениците. Европската унија во четвртокот ја критикуваше Индонезија за најавените погубувања, истакнувајќи дека смртната казна не е решение за зголемениот проблем со злоупотребите на дрогите во таа држава.