По јубилејен 25.пат екипата на Баерн Минхен го освои шампионскиот трофеј во германската Бундеслига, откако вечерва во дуелот од 30.коло на домашен терен ја победи Херта со 1:0.
Бастијан Швајнштајгер го постигна единствениот погодок во 80.минута по кој Баварците на четири рунди пред крајот на првенството ја обезбедија титулата.
Резултати на другите завршени натпревари од 30. Бундеслигашко коло: Борусија Дортмунд – Ајнтрахт 2:0, Хановер – Хофенхајм 1:2, Штутгарт – Фрајбург 2:2, Хамбургер – Аугсбург 3:2, Келн – Баер Леверкузен 1:1 и Мајнц – Шалке 2:0.
Последните две средби од овој круг на програмата се утре: Падерборн – Вердер и Борусија Менхенгладбах – Волфсубург.
Табела: Баерн Минхен 76, Волфсбург 61, Баер Леверкузен 55, Борусија Менхенгладбах 54, Шалке 42, Аугсбург 42,…