Села: Ако се сметаат за Албанци, ДУИ треба да ја напушти Владата

Од:

Претседателот на движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села на вонредното собрание за актуелните политички случувања во Тетово, истакна дека правдата во Македонија е суспендирана од актуелната власт, затоа ги повикува луѓето од ДУИ, ако се Aлбанци веднаш да ја напуштат владата, која според него е „тотално неморална“.

– Албанците треба да бидат спокојни, затоа што следува период, кога ќе се докажат сите политички процеси за нив, за кои во изминативе дваесетина години, тврдевме дека се монтирани. Ова веќе секој го знае, и внатрешниот и надворешниот, односно меѓународниот фактор. Затоа ја повикуваме ДУИ да излезе од владата, а ако не го стори тоа, ќе сметаме дека луѓето од ДУИ се „чесни Албанци“, како од времето на Слободан Милошевиќ – изјави Села.

Тој смета дека најголемата одговорност лежи во СДСМ, за како што го нарече, „монтираниот политички процес „Сопот““.

– Монтираниот политички процес „Сопот“, се случи токму во времето на СДСМ, но дежурен играч и во тоа време и сега, кога на власт е ВМРО-ДПМНЕ, кога исто така се монтираат судските процеси, е ДУИ, кој постојано е во владина коалиција со овие две македонски партии – рече Села.

Претседателот на движењето за реформи на ДПА Зијадин Села, вели дека постои сомнеж случајот во Гошинце да биде дело на коалиционите парнери од власта. Но, според него, треба да се почека и да се добијат пообјективни иинформации, што точно се случувало во Липковскиот регион.

Села апелираше Албанците да не подлегнуваат на никакви сценарија, да бидат ладнокрвни, затоа што повеќе во тие сценарија, како што рече, „нема да се дозволи да горат нивните куќи“.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата