„Тајмс“: Франција ќе треба да ја обештети Русија при прекин на договорот за бродовите „Мистрал“

Од:

Франција ќе треба да и врати на Русија 1,5 милијарди долари во случај на прекинување на договорот за испорака на два брода-носачи на хеликоптери – „Мистрал“, пишува денеска лондонскиот весник „Тајмс“.

Францускиот претседател Франсоа Оланд во средата изјави дека засега испораката на двата брода на Русија не е можна, а за време на средбата со рускиот колега Владимир Путин во Ереван ќе бидат разгледани „сите аспекти“ на замрзнатата зделка.

Договорот за производство на двата десантни брода во вкупна вредност од 1,12 милијарди евра беше потпишан во јуни 2011 година. Едниот од двата брода е веќе произведен, но минатата година Париз ја запре испораката поради воената инволвираност на Москва во Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Напад на синагога и црква во Русија: Има мртви

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

(ВИДЕО) Москва ја опустоши невреме, се формираше торнадо: Најмалку две лица загинаа

Предраг Петровиќ

Ким Џонг-Ун: Ова е историски момент

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Небензја: Русија ќе бара меѓународно признавање на нацистичките злосторства во СССР