Во седиштето на УЕФА во Нион денеска беа одредени двојките за полуфиналето на Лига Европа.
Бранителот на пехарот Севиља ќе биде домаќин на првиот дуел од полуфиналето против Фиорентина. Севиља досега го има освоено ова натпреварување трипати (2006, 2007 и 2014 година). Во вториот дуел Наполи (победник на УЕФА купот во 1999 година) ќе го пречека тимот на Днипро.
Првите натпревари ќе се играат на 7.мај, а реванш дуелите се закажани за 14.мај.
Финалето ќе се одигра на 27.мај на „Националниот стадион“ во Варшава.