Гувернерот на провинцијата Џакарта, која покрај главниот град на Индонезија ги опфаќа и неколку сателитски градови со вкупно 24 милиони жители,по неколкуте инциденти меѓу проститутките и нивните клиенти, од кои еден заврши со смрт, изјави дека и да сака, не може да ја сопре проституцијата. Гувернерот, Басуки Парнама, повеќе познат како „Ахок’’ изјави дека проституцијата, иако се смета за „грев’’ и “ социјално неприфатлива’’ опстојува и ќе опстојува во сите општества и во сите времиња.
Гувернерот „Ахок’’ сакал попластично да го образложи проблемот, споредувајќи ја проституцијата со потреба за голема нужда на луѓето. Ако некој изврши голема нужда на улица, ќе смрди, а извршителот ќе биде силно критикуван. Како и големата нужда, додава „Ахок’’ операциите во најстариот занает на светот се вршат во за тоа определени простори и тука треба да завршат прикаските.
Иако на проституцијата и во Индонезија официјално се гледа како на грев, во 250 милионската држава има голем број девојки и жени кои егзистенцијата ја обезбедуваат продавајќи сексуални услуги. Се почесто, сексуалните понуди се наоѓаат на социјалните мрежи и на специјализирани интернет портали.
Лани, локалните власти во Џогџакарта ги затворија објектите во кои ординираа над 3.000 проститутки, но испадна дека акцијата не била спроведена поради морални причини, туку за да се ослободи простор за профитабилна инвестиција. На местото на куќите со „црвени фенери’’ во строгиот центар на Џогџакарта локални моќници ќе градат трговски и бизнис центар, а сопствениците на срушените јавни куќи добиле дозвола дејноста да ја обавуваат на периферија на градот.