Бранителот на трофејот во Лига Европа шпанската екипа Севиља остана непоразена во реванш четвртфиналето синоќа на гостувањето кај Зенит 2:2 и со тоа ја зачува предноста од првиот дуел (2:1) и избори пласман во полуфиналето на Лига Европа.
Со резултат 2:2 заврши и дуелот меѓу Наполи и Волфсбург, а италијанскиот тим Наполи се пласира во полуфиналето благодарение на победата од првиот дуел на гости со 4:1. Италија ќе има два полуфиналисти во Лига Европа откако Фиорентина во реваншот пред своите навивачи го победи Динамо Киев со 2:0, а 1:1 беше на првиот дуел.
Украински Днипро со голот на Шахов во 82.минута го победи Бриж и обезбеди полуфинале за својата екипа бидејќи ова беше и вкупниот резултат меѓу овие два тима.
Извлекувањето на двојките за полуфиналето ќе се изврши денеска во Нион.