Конференција за вински туризам „Македонија 2015“

Од:

Првата регионална конференција за вински туризам – Македонија 2015 ќе се одржи денеска во Скопје. Собирот е во организација на Министерството за економија и Тиквешкиот вински пат, а најавено е присуство на 100-тина претставници од надлежните институции за туризмот во Македонија, Србија, Словенија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Италија, Франција, Португалија, Шпанија, Косово, Босна и Херцеговина.

На конференцијата, што ќе ја отвори министерот за економија Беким Незири, ќе присуствуваат и претставници од коморите, образовните институции и туристичките и винските здруженија, како и професионалци од туристичкиот и винарскиот сектор, невладини организации и заинтересирани страни од приватниот сектор од балканските земји и ЕУ.

Целта на конференцијата е да отвори дискусија за градење на ново партнерство меѓу туристичкиот и винарскиот сектор, преку заедничка соработка, која ќе придонесе кон создавање на конкурентни туристички производи,  намалување на трошоците за нивна промоција на трети пазари, а со тоа и сеопфатен економски раст.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ