Во Кочани одбележан светскиот ден на книгата и авторското право

Од:

Во Јавната општинска установа Библиотека „Искра“ од Кочани во присуство на голем број читатели, роднокрајни автори и посетители беше одбележан 23 април Денот на книгата и авторското право.

Светската порака напишана од Ирина Бокова, директор на УНЕСКО ја прочита Илија Захариев, виш библиотекар, додека македонската порака за денешниот ден напишана од писателот Луан Старова, ја прочита библиотекарката Маре Анастасова.

– Денешниот ден е посебен празник за нашата библиотека, бидејки во текот на целиот ден не посетуваат читатели од повеке возрасти и како што налага традициијата на одбележувањето на денот на книгата и авторското право на посетителите им подаривме по една книга и ружа,стар каталонски обичај по повод овој ден, изјави Сузана Горгиева, директор на кочанската библиотека.

Денешниот ден беше повод да се прогласат и најдобрите читатели за минатата година.Во одделението за возрасни со 57 прочитани книги награда му беше додделена на Методи Момчилов, пензионер, а во детското одделени на Благој Горгиев ученик за прочитани 52 книги.

Манифестацијата беше збогатена со настап на членовите на Литературниот клуб „Копнеж“ од повеке генарции, кои читаа поезија посветана на книгата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот