За многумина беше забавно да се види како се кинат панталоните на тренерот на Баерн Пеп Гвардиола во големата победа над Порто, но тоа не беше случај и со модната куќа „Џорџо Армани“ која беше обвинета за лошиот квалитет.
„Армани“ е официјален партнер на германскиот тим, па се претпоставуваше дека Гвардиола во вторникот носи нивни панталони, а приказната е дополнително поттикната и Томас Милер во која се наведува дека италијански кројачи прават многу тесни панталони, па тоа предизвика реакција од модната куќа.
– Можеме да потврдиме дека ние сме официјален моден партнер на Баерн, целиот тим и тренерите кои носат наши креации на свечени настани, но тоа не е задолжително во текот на натпреварите. На натпревар со Порто, Пеп Гвардиола не беше облечен во комплет од нашата колекција, соопштија од „Џорџо Армани“.