Повеќе од 100.000 Етиопејци денеска протестираа поради убивање на етиописки христијани во Либија и против етиопската Влада, која не го зголемува животниот стандард и ги поттикнува граѓаните да мигрираат во опасни региони.
Протестот во Адис Абеба прерасна во насилство откако демонстрантите почнаа да фрлаат камења и се судрија со полицијата, при што се уапсени најмалку сто луѓе, пренесува БТА.
Во неделата Исламска држава објави видео-снимка од егзекуции на повеќе лица. Се претпоставува дека убиените се Етиопијци, кои се обидувале да стигнат до Европа, а биле киднапирани во Либија.
Дел од демонстрантите изразија надеж дека Владата ќе реагира на убиствата и оти ќе преземе мерки против илегалното преминување на границата и ќе ги уапси тргоците со луѓе.