Европската Комисија и четвртото известување за напредокот на Македонија – Дали ќе добиеме датум или не?

Од:

Во само еден дел Е.К во извештајот говори многу дипломатски и прецизно со мала дескрипција на проблемот па до пресудата на Меѓународниот суд за Правда и НАТО Самитот во Букурешт 2008 година. Ја цитирам реченицата во оригинална форма

„Maintaining good neighbourly relations, including a negotiated and mutually acceptable solution to the name issue, under the auspices of the UN,remain essential.A solution needs to be found without delay.Actions and statements which could negatively impact on good neighbourly relations should be avoided“.

1. После денот на Интерпелацијата и чудното однесување на ДУИ како и изјавата на Теута Арифи дека е сеуште рано да се говори дали Македонија ќе добие датум на преговори,со мала анализа може да се каже следното:

а. Само со една реченица на Е.К секаква понатамошна политичка одлука во наша корист паѓа во вода.Оваа реченица Е.К ја вметнала во консултации со највисоките тела во Брисел.

Е.К влегла во толкување ,односно толкува веќе одлука која не ни е соопштена, а ќе ни ја соопштат.

б. ДУИ симтоматично се однесува .Покрај жестоките обвинувања за Тендер Коалиција, Теута Арифи изјавува дека е рано да се говори за тоа дали ќе има датум за отпочнување на преговори.

Искрено се надевам дека и таа го чита истото што и јас,посветила внимание на изборните закони и избирачките списоци и некој други насоки но не ми е јасно како таа ја игнорира оваа реченица во незините изјави.

Прво има ли надеж дека сепак се работи на надминување на проблемот со Атина?

Дали има време до декември да се поместат работите од мртва точка?

Или пак нема ништо да не изненади па после недобивање на датум сепак одиме и на парламентарни избори со создавање на владина криза, кога веќе интерпелација не е можна.

ДУИ заради логистиката и моќта која ја имаат е многу несериозно да се тврди дека ќе излезат од владата до локалните избори. Доколку е во прашање нивниот рејтинг тие би играле на дур со ВМРО-ДПМНЕ, строго контролирано и наменски заради своите гласачи.

Имаме уште еден извештај, сигурни сме дека е максималистички од мал поглед на ситуацијата во која сме. Делумно нарушени меѓунационални односи кои се еродираат намерно да се покренат емоциите на гласачите за да не се губи од рејтингот.

Посакувам барем опозицијата и невладиниот сектор да бидат по бучни,аналитички и кооперативни помеќу себе кога владата измислува закони кој ја еродираат демократијата.

Со пад на опозицијата и далеку поголема недемократска атмосфера во Македонија и следниот извештај би бил позитивен. На ред е опозицијата да го даде својот придонес за демократско општество.Да ја заборавиме 2012, во 2013 ќе има многу повеќе работа и да не се залажуваме ,ние разговараме за демократијата во сопствената земја каде сме сите чинители .

Другите препораки на ЕК треба да се сработат, а тука не е само владата туку треба да придонес и од опозицијата и од невладиниот сектор. Целото ова разногласие треба биде дел од следниот извештај, доколку пак не добиеме датум за преговори.

Да се надеваме дека ќе го добиеме датумот скоро без разлика кој е на власт. Несериозен би бил извештај по пети пат доколку немаме датум. Доколку на Теута Арифи во декември и објаснат дека сепак треба да се договориме за името, не сум сосема сигурен што ќе кажи на пресот ден потоа.

Даме Чкатроски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска