(ВИДЕО) Секуловска: По смртта на Младенов, ова е втор голем атак на новинар

Од:

Откако вчера вечер, погребен венец беше донесен пред домот на новинарот Борјан Јовановски, неговата колешка Билјана Секуловска побара од државните власти и од полицијата да обезбедат, во најмала рака, полициска заштита за Јовановски бидејќи ова претставува атак кон него и неговиот живот.

– По смртта на Никола Младенов, великанот на македонското новинарство, ништо не може да не’ изненади со оглед на фактот што тој загина под сомнителни околности. Она што ние го бараме, не само како редкацијка на Нова, туку и Новинарскиот пленум и сите загрижени новинари и граѓани и слободоумни луѓе во оваа земја, е полициска заштита за нашиот колега Борјан Јовановски, доколку тоа не биде сторено, ќе сметаме дека постои директно соучесништво на луѓето кои го направија ова злосторство со власта односно МВР.

Оваа закана, веднаш по смртта на Младенов ја сметаме како најстрашна закана, ова не смее да се премолчи, рече Секуловска

Од името на новинарскиот пленум новинарката Сашка Цветковска побара и Владата и обвинителот да реагираат бидејќи ако се премолчи и заташка, во следна прилика некој новинар навистина може и да настрада.

– Тоа што го фраламе венецот пред Владата, не значи дека ние мислиме дека Владата го нарачала венецот, туку владата и институциите овозможиле амбиент во кој одредени луѓе се дрзнуваат да се закануваат по живот на новинари и на луѓе кои размислуваат различно, пишуваат критично. Многу пати досега на националните телевизии се повикувало на линч, но немаше реакција ниту од институциите, ниту од јавниот обвинител, рече Цветковска

Венецот заврши пред Влада како последна опомена дека можеби во иднина некој навистина ќе биде ликвидиран и одговорна ќе биде владата, сметаат новинарите.

На чинот на закана кон Јовановски реагираат невладините организации и Новинарскиот пленум:

„Овој чин го сфаќаме како мафијашка порака од фамилијата што ја владее Македонија до критичките медиуми и новинари, што не очекува сите од ред ако и се спротивставуваме на власта!“, се наведува во соопштението на пленумот.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он