Малата африканската држава Еритреја е поригорозна од Северна Кореја во ограничувањето на медиумите, се наведува во извештајот на Комитетот за заштита на новинарите (Committee for protect journalist).
Комитетот со седиште во Њујорк годишно објавува листа на десет држави со најголема цензура.
Покрај Еритреја и Северна Кореја на листата се и Саудиска Арабија, Етиопија, Азербејџан, Виетнам, Иран, Кина, Мјанмар и Куба.
Важен фактор на класификацијата е ограничувањето на пристапот до интернет. Еритреја дозволува пристап до интернет преку телефон со модем, а во Северна Кореја интернет е достапен за малобројната елита. Еритреја е и на последното место во светот по користење на мобилни телефони – само пет проценти од граѓаните имаат мобилни телефони.
Во извештајот на Комитетот за заштита на новинарите се истакнува дека во Кина 44 новинари се затворени. Тоа е најголем број на затворени новинари откако Комитетот почна да собира податоци пред 25 години.