Ерменија побара да се прогласи за геноцид масакрот на Ерменците од пред 100 години

Од:

Ерменскиот Парламент денеска едногласно усвои резолуција со која меѓународната заедница се повикува да го прогласи за геноцид масакрот на 1,5 милион Ерменци во Османлиската империја, пред 100 години, и да го осуди како тешко злосторство против човештвото, пренесе ДПА.

Ерменија во петок ќе ја одбележи 100-годишнината од масакрот од периодот 1915-1916 година, во кој, според податоци на историчарите, биле убиени 1,5 милион Ерменци. На церемонијата во Ереван ќе присуствуваат претседателите на Русија, Владимир Путин, и на Франција, Франсоа Оланд.

Турција, државата наследник на Османлиската империја, го отфрла терминот геноцид и тврди дека бројката на жртви е преувеличена.

Ерменија и активистите за правата на човекот ја обвинуваат Анкара дека го негира геноцидот, забележува ДПА.

Досега над 20 земји го признаа геноцидот. Меѓу нив се Русија, Франција и Либан. Терминот геноцид го користат Европскиот Парламент, папата Франциско и други институции.

Германската Влада неодамна соопшти дека ќе поддржи во Парламентот да се поднесе предлогот за признавање на геноцидот.
Но, други држави, како САД, Велика Британија и Израел, одбиваат да го признаат геноцидот, образложувајќи дека ќе ги влоши нивните односи со Турција.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска