Бундеслигашот Хановер го назначи Михаел Фронцек за нов тренер, по разделбата со досегашниот предводнки Тајфун Коркут.
Фронцек потпиша договор до крајот на сезоната, а единствена цел ќе му биде да го сочува Хановер во Бундеслигата.
-Целосно веруваме дека Фрончек ќе го доведе клубот до сигурната зона. На преостанатите средби имаме само една цел – опстанок во Бундеслигата, ништо друго не е важно, изјави за официјалната веб страна претседателот на Хановер, Мартин Кинд.
Фронцек последен пат како тренер работел во Сент Паули каде останал до ноември 2013 година. Претходно во Бундеслигата бил тренер на Борусија Мехенгладбах, Арминија Билефилд и Алеманија Ахен. Една сезона бил помошен тренер во Хановер.