Уште два нови случаи на туларемија во Арачиново, прогласена локална епидемија

Од:

Уште два нови случаи на туларемија на подрачјето на општина Арачиново се лабораториски потврдени. Со тоа вкупниот број заболени на тоа подрачје изнесува 12. Поради зголемениот број случаи во последните три месеци, Центарот за јавно здравје – Скопје вчера на тоа подрачје прогласи локална епидемија.

Билјана Даниловска од Центарот за јавно здравје – Скопје денеска изјави дека од 12-мината заболени, шест се од село Грушино, а шест од село Арачиново.

– Сите пријавени заболени лица од страна на епидемиолошка екипа од Центарот за јавно здравје се анкетирани. Заболените се на возраст од 11 до 73 години. Најголем процент (42 отсто) од заболените односно пет заболени се на возраст од 20 до 29 години, истакна Даниловска.

Со 12-те случаи на подрачјето на општина Арачиново, вкупниот број заболени од туларемија во Македонија изнесува 31.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем